Голем интерес за проектот "Купи куќа, купи стан"

Bez autora
Sep 04 2013

Во градежната компанија "Адора Инженеринг" која гради станови во Скопје, Охрид и Струмица, има голем интерес од граѓаните за купување стан преку владиниот проект "Купи куќа, купи стан". Потврда се 200-ината јавувања на заинтересирани граѓани во август, од кои, само во еден ден се потврдени две апликации за купување стан по овој модел. Во компанијата што го поддржува овој проект од неговиот почеток, велат дека и во изминатиот период имало интерес за него и на овој начин досега биле склучени 15 договори за купопродажба на стан. Интересот за проектот значително пораснал по неодамнешните законски измени со кои 50% од средствата на државата за учество во станбениот кредит, станаа неповратни.

Голем интерес за проектот "Купи куќа, купи стан"Во градежната компанија "Адора Инженеринг" која гради станови во Скопје, Охрид и Струмица, има голем интерес од граѓаните за купување стан преку владиниот проект "Купи куќа, купи стан".

- Потврда се 200-ината јавувања на заинтересирани граѓани во август, од кои, само во еден ден се потврдени две апликации за купување стан по овој модел - истакнуваат од "Адора Инженеринг".

Во компанијата што го поддржува овој проект од неговиот почеток, велат дека и во изминатиот период имало интерес за него и на овој начин досега биле склучени 15 договори за купопродажба на стан. Интересот за проектот значително пораснал по неодамнешните законски измени со кои 50% од средствата на државата за учество во станбениот кредит, станаа неповратни.

Од Адора Инженеринг" информираат дека со учество во владиниот проект со дел од понудата на елитни станови ја поддржуваат социјалната димензија на проектот Купи куќа, купи стан", со што по доста поволни цени и услови и граѓаните со поплиток џеб можат да станат сопственици на асеизмички стабилен, квалитетен, енергетски ефикасен и економичен стан, изграден по европските стандарди.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik